Пејачката Тамара Тодевска неодамна ја издаде својата нова песна насловена како „Порок“.
Песната е во препознатлив поп стил, но овој пат со примеси на трап. Музиката е на Лазар Цветковски и Тамара, со текст на Тајзи, аранжманот исто така заеднички го направиле Лазар Цветковски и Тамара, додека миксот и мастерингот ги изработил самиот Лазар Цветковски.
Во интервју за „Бексјтеџ“, Тодевска проговори за нејзино ново музичко дело.
„Порок е песна за сите мои бивши љубави кои во тој момент се воспоставило дека се порок. Многу млади девојки се пронајдоа во песната. Има разни пороци во животот. Секој има сила и ако сака може да се избори со својот порок во секој момент“, вели пејачката.
Инаку, Тодевска ќе одржи два концерти следниот период – На 29-ти јули во Античкиот театар во Охрид со почеток во 22:00 часот и на 1-ви август во Античкиот театар Хераклеја со почеток во 21:30 часот.
Поради пандемијата со коронавирусот, целата естрада не настапуваше речиси повеќе од година ипол. Некои од нив ја спуштија цената за настапите, за некои останаа исто. За ова тема проговори токму и Тамара.
„Многу деликатна тема. Јас сум од оние што не ја спуштиле цената. Да, имало исклучоци. Меѓутоа, тоа беше моја лична желба. Никогаш не би настапувала по секоја цена. Исто така, не би настапувала за помала цена. Кога некој нема доволно средства да ме плати, едноставно не пејам“, вели пејачката.
Целото интервју погледнете во видеото подолу.
фото: мартин трајановски/принтскрин/јутуб бекстејџ