Таткото на Меган Маркл, Томас Маркл наводно сака да ги даде на суд Меган и Хари за да може во иднина да ги гледа своите внуци Арчи и Лилибет.
Имено, тој се огласи за „Fox News“ и изјави:
„Ќе поднесам барања во судот во Калифорнија за право да ги гледам своите внуци во иднина“.
Тој додал дека се надева дека кралицата Елизабета и останатите членови на семејството нема да ги казни внуците поради лошото однесување на војводата и војвотката од Сасекс.
„Арчи и Лили се мали деца. Тие не се политика. Тие не се дел од играта“, вели тој.
„Тие се исто така дел од кралското семејство и имаат право на ист третман како и останатите членови на семејството“, вели Томас Маркл.
фото: Профимедиа/принтскрин/епа/ефе/факундо аризабалага