Радио Милева сеќавања

Игор Џамбазов и земјотресот од пред 58 години се „врсници“: „Земјата се отворила, како да сакала да не проголта“ (фото)

Игор Џамбазов и земјотресот од пред 58 години се „врсници“: „Земјата се отворила, како да сакала да не проголта“ (фото)

Македонскиот шоумен Игор Џамбазов откако има профил на „Инстаграм“ речиси секојдневно објавува нови објави.

Неговите следбеници кои бројат нешто повеќе од 94  илјади, редовно може да видат и прочитаат од неговите инспиративни и досетливи мисли поврзани со актуелности и животни искуства, романтични фотографии со неговата сакана Илина, од оние авантуристичките во природа, такви со мачката Емче, по некое видео додека пее или свири на гитара, па се до ретро фотографии како онаа што e eдна од последните на неговиот профил.

Вчера (26.07.2021), Скопје одбележа 58 години од силниот и катастрофален земјотрес од 1963 година кој однесе многу жртви, катастрофални материјални штети, а Скопјани се сеќаваат и ден денес.

По тој повод, на својот „Инстаграм“ тој објави фотографија на која е во прегратки на неговиот татко Александар кој го држи Игор кој тогаш имал само 11 дена од неговото раѓање и пристигнување на овој свет, а кога се случило силното тресење на земјата.

„Само што сум дошол на овој свет, со мама од болница сме се вратиле дома, а тато не можел да ми се изнарадува. Поминале точно 11 дена…и тогаш, земјата се отворила, како да сакала да не проголта. Земјотресот и јас сме врсници…“, напиша шоуменот покрај објавата.

Инаку, Џамбазов неодамна го прослави својот 58 роденден.

Игор Џамбазов слави роденден: На денешен ден пред 40 години станав полнолетен (ФОТО) – Вистина.мк (vistina.com.mk)

 

фото: инстаграм/игор џамбазов/википедија

To top