Старлетата Александра Суботиќ напиша интересна порака на социјалните мрежи, а нејзините следбеници веднаш сфатија дека прозивката е испратена до нејзината соперничка, Ана Кораќ која во реалното шоу „Задруга“ и го превзеде момчето.
Имено, Ана неодамна откри дали ќе учествува и ќе се сретне со Александра Суботиќ, Давид Драгојевиќ и Маја Маринковиќ во следната сезона на јгледаното ријалити – „Задруза 5“.
„Каков циркус би бил тоа! Не, не, не се гледам себеси меѓу тие луѓе, јас сум многу над нив“ – рече Ана.
Александра не беше имуна на овој коментар, па наводно и одговорила на својата лута ривалка преку Инстаграм.
„Навикната си ти да бидеш под или над, зависи од тоа колку ќе ти платат“ – и порача Александра.
Да потсетиме, Ана Кораќ ја започна врската со Давид Драгојевиќ во реалното шоу „Задруга“, додека тој сè уште беше официјално во врска со Александра Суботиќ.
Врската на Ана и Давид траеше кратко и по завршувањето на реалното шоу, по што најде уште едно момче кое не е од Србија.
После реалното шоу, Александра пак влезе во врска и доби дете со Предраг Пеца Распоповиќ, со кого се’ уште ужива во љубовта.
Фото: Инстаграм приннтскрин/sandrasuboticss/ana_korac