Соседите на Тања Савиќ тврдат дека пејачката не ги изнесува децата од својот дом бидејќи наводно се плаши дека нејзиниот се уште законски сопруг повторно ќе ги украде.
Екипата на курир.рс го посетила Смедерево каде што Тања живее со децата.
Соседите на Савиќ сега проговорија за курир.рс и открија што се случува во домот на пејачката.
„Тања ја знаеме од претходно, таа е наша сограѓанка, родена е едно село во близина на Смедерево. Таа е многу добра девојка, но е несреќна поради се што и се случи. Секој ден кога ќе стане, околу 13 часот, ќе излезе на тераса и ќе не поздрави. Ќе позборува со нас, ќе поседи и ќе влезе внатре. Слабо излегува, децата не ги шета бидејќи се плаши од бившиот. Тој е луда кој изјави дека повторно ќе ги земе и ги однесе од неа“, велат работници, додека пак една госпоѓа имала „тешки“ зборови за Савиќ.
„Од таа куќа често слушам врева. Жал ми е за тие деца, откако се тука еднаш ги видов надвор. Отидоа да фрлат ѓубре. Се гледа дека децата се збунети, но сигурно и таа многу се нервира бидејќи е мајка и не може да и биде сеедно. Треба и таа и тој Душан да мислат на децата, а не само на своите потреби“, вели госпоѓа кој седи во близина на Савиќ.
Бидејќи пејачката не се јавувала на телефон, новинарите ја побарале на интерфон.
„Кој е? Не можам да излегувам ни доле, ни на тераса, со децата сум, ви благодарам на разбирањето. Жал ми е, работам нешто и многу сум зафатена“, одговорила кратко Савиќ.
Отука, новинарските екипи заминале во домот на родителите на Тања, а таму била нејзината сестра која нељубезно ги испратила.
„Тања поради новинарите нема телефон, се повлече. Не сака да разговара со новинарите ни таа, ни јас, ни целото семејство. Не ме интеренсира зошто дојдовте и дали ќе биде убаво или лошо. Губете се отука да не ве полијам со вода“ била остра пејачката.
Потсетуваме, во април претходната година, сопругот на Тања, Душан Јованчевиќ ги зема децата без нејзино знаење и ги однесе во Австралија, а пејачката по една година ги виде децата и ги врати со неа во Србија.
фото: Никола Андиќ/ Немања Николиќ/Инстаграм/курир.рс