Мегафон Скопско лето 2021

Француски шансони со Џон Илија Апелгрен во Куршумли Ан

Француски шансони со Џон Илија Апелгрен во Куршумли Ан

Во рамки на 42-то издание на манифестацијата „Скопско лето“, на 24-ти јули во Куршумли Ан свој голем концерт ќе одржи познатиот македонски џезер Џон Илија Апелгрен. Концертот со наслов „Музичка прошетка – Француски шансони” е закажан за 20:30 часот, а на истиот ќе настапи и бендот на Џон Илија Апелгрен. Аранжманите и адаптациите на изведените песни се на Гордан Спасовски.

И овој концерт, како и сите претходни досега, ќе се одржи согласно протоколите за одржување на настани и во продажба ќе бидат пуштени ограничен број на влезници кои ќе може да се купат пред почетокот на настанот на влезот на објектот.

To top