Радио Милева си личат

Пејачката со најновата фотографија ги збуни фановите: Oва е Цеца или Прија? (фото)

Пејачката со најновата фотографија ги збуни фановите: Oва е Цеца или Прија? (фото)

Пејaчката Александра Пријовиќ откако се појави на сцената го привлекува вниманието, како со својот глас, така и со својот стас.

Често во медиумите може да се прочитаат разни вести за неа, за нејзиниот приватен живот со оглед на тоа дека е во брак со посинокот на Лепа Брена, Филип Живојиновиќ.

Меѓутоа, таа често знае да се најде во медиумите и поради нејзините провокативни фотографии.

Сепак, со нејзината последна објава на својот „Инстаграм“ пејачката ги збуни следбениците.

Имено, пејачката на фотографијата позира во краток топ во комбинација со фармерки, а на главата има лента за коса „Кристиано Диор“.

Фановите коментираат дека на прв поглед изгледа како да на фотографијата е Цеца Ражнатовиќ.

„Јас прво помислив дека ова е Цеца“, „Јас мислев дека е Цеца, а не Прија“, се коментарите кои може да се прочитаат под објавата.

Како и да е, објавата за два часа доби околу 10 000 лајкови, а и следбениците и порачаа дека изгледа прекрасно.

фото: инстаграм

To top