Среда, 21-ви јули 2021 г. почнува четвртиот по ред Фестивал на нов европски филм – Beach Film Festival, во Охрид, кој ќе трае до 25 јули.
Филмските вљубеници ќе може да ги гледаат проекциите на плажата Горица 3, на бродот Армада и во Музејско-културниот центар Лапидариум.
Како што информираат организаторите влезот е бесплатен, ама ќе важи правилото прв дојден-прв услужен.
На репертоарот се филмови кои патуваат директно од филмските фестивали во Кан, Венеција, Санденс, Берлинале.