Летните одмори се во полн ек, па откако попуштија мерките за корона, познатите се опуштија и се препуштија на некоја плажа.
Додуша, тие речиси година ипол одмараа, без настапи, а сега искористија убаво и корисно.
Освен тоа што настапуваат по Црна Гора, поголемиот дел од естрадните уметници уживаат на ова туристичка дестинација.
Пејачката Наташа Беквалац моментално ужива на одмор во Црна Гора од каде што редовно се огласува и објавува фотографии на социјалните мрежи поради кои добива комплименти поради нејзиниот изглед.
Пејачката на социјалните мрежи објави видео на кое позира во бикини, па воодушеви со својата фигура.
Беквалац позираше провокативно пред огледало и го покажа секој затегнат мускул од нејзиното тело.
„Презгодна“, „На неа не и треба фотошоп“, „Браво жено“, се само некои од коментарите кои може да се прочитаат.
Инаку, во последните неколку месеци Беквалац водеше грижа за начинот на исхрана, па слободното време го поминуваше во теретана.
фото: Инстаграм/принтскрин/наташа беквалац