Пејачката Тања Савиќ повеќе од една година водеше битка за нејзините деца кои сопругот Душан Јованчевиќ ги зема без нејзино знаење и ги однесе во Австралија.
По една година, пејачката ги врати децата во Србија и сега заедно живеат во Смедерово.
Сепак, нејзиниот сопруг не ја остави на мира. Така, неодамна тој до српските медиуми испрати пораки кои наводно му ги праќале децата и се жалат дека не сакаат да живеат со неговата мајка, дека таа е најлоша на светот и дека сакат да одат во Австралија.
Таа откри дека планира и децата да ги однесе на психолог.
„Сите знаат што се случи и го знаат мојот случај. Кој разбира, ќе сфати. Децата се дома и се надевам дека во септември ќе одиме на море, кога ќе завршам со настапите“, вели Тања.
Пејачката проговори за смирувањето со нејзината колешка Славица Чуктераш.
„Таа е мое злато, таа е некој кој секогаш беше со мене. Од самиот почеотк, но ни се разделија патиштата“, вели пејачката.
Кога станува збор за нивниот љубовен живот, таа вели дека не и е преоритет.
„Ма каква црна љубов. Нема ништо од тоа. Јас сум дома и работа. Дома – работа, децата и тоа е тоа. Навистина не одам никаде“, заклучи пејачката.
фото: Никола Андиќ/ пинк.рс/инстаграм/ Андреј Нихил/