Модната блогерка Зорана Јовановиќ Зоранах која последните месеци е во центарот на вниманието бидејќи нејзината фирма е пред банкрот, таа и понатаму ужива на егзотични дестинации.
Меѓутоа, нејзините соседи немаат баш пофални зборови за неа.
-Таа жена не вреди ни да се спомне. Се занимава со работа која не постои, а се замислува дека е Бог. Кога се досели тука беше многу весела девојка, се фотографираше по улица, беше симпатична. Никој не знае што се случи меѓувреме“, вели еден постар сосед кој повеќе не сакал да зборува за Зоранах.
-Ја следев на Инстаграм, па ми стана досадна и ја отследив. Таа стана популарна бидејќи прва започна да се занимава со блог. Таа постојано повторуваше една приказна и на никој не му беше интересно“, вели соседот Бојан.
Продавачот, кој работи во блискиот маркет, вели дека често ја гледа Зорана како поминува и дека доаѓа да земе некои намирници.
-Порано купуваше цигари, а сега најмногу грицки или бонбони. Никогаш не купува леб, млеко или други основни намирници. Очигледно, таа самата не готви храна, туку јаде во ресторани. Еве, откако е тука, таа нема купено ниту една ваква храна, барем не од мене во смени. Таа е многу поубава на социјалните мрежи отколку вака, се гледа дека поминува низ тие филтри“ објаснува со насмевка младиот човек.
Постарата дама вели дека ја познавала жена која претходно го чистела станот на Зорана.
– Во тоа време, Зоранах беше среде популарност и таа фалеше. Го кој не беше голем, но потоа беше преполн со работи кои ги рекламираше. Слушнав дека сега е вообразена, но навистина тогаш мојата пријателка немаше лош збор за неа“, вели госпоѓата.
Еден постар човек кој го шетал кучето се приклучил кон разговорот кога слушанле за кого се распрашуваат новинарските екипи.
– Знаете, тие јавни личности, се луѓе како и сите други. Сепак, може да се види кој каков вид воспитание донел од дома. Некои оставаат ѓубре зад себе, фрлаат хартии и отпушоци по улицата. Зоранах не е таква, но затоа не знае да каже ниту „добар ден“, како да е над нас по статус и ниво. И кога излегува да го шета кучето, се крие под капа, како да ја чекаат папараците. Па, таа не е Брена и Цеца. Навистина, посинокот на Брена, Филип, ја посетуваше, тие мора да бидат пријатели – вели овој сосед и додава: – Гледаме дека момче ја носи со скап автомобил. Иако, таа е сè помалку во станот. Се некаде брза. Постојано влече неколку торби полни со облека.
Иако немаат убави зборови за Зоранах кога станува збор за љубезност, соседите велат дека таа не е проблематична како станар.
-Ние навистина никогаш немавме проблем со неа. Што се однесува до куќните правила, видовме како нејзините пријатели доаѓаат со балони, тоа е сигурно кога и беше роденден или нешто за славење, но сè беше во нормални граници. Претходно, децата се собраа пред зградата да се фотографираат со неа или да земат автограм, но тоа веќе не е случај – вели соседот.
фото: инстаграм/Zorana Jovanovic