Атрактивната македонска фитнес инструкторка Ана Стојанова не застанува со својата понуда на нови проекти, со кои не престанува да изненадува. Откако го заврши првиот „Летен предизвик“ додека го подготвува „Summer Challenge vol.2 и ги чека пријавите и секако уплатите на нејзината армија мотивирани вежбачи, Ана реши да си даде малку летна оддишка, па влета во мирен период пред новата претстоечка „фитнес бура“!
Батериите најпрвин ги полнеше на море, во Турција, каде собираше сила и енергија за новите фитнес предизвици. Но и таму инструкторката не заборави да ги понесе своите гумени ластици и уште понекој ситен реквизит за својата форма да ја одржи фит, дури и кога е на летен одмор.
По морската авантура Ана грижливо ја подготвува новата тура вежби и совети, но додека предизвикот да почне, реши да е посвети и малку самата на себе си… Да го прави она што покрај вежбањето најмногу го сака, да се фотографира во разни варијанти, на различни локации во различни пози. Впрочем тоа и самата уште претходно јавно го призна:
„Сликите пред огледало ме мотивираат и ми ја зголемуваат желбата за тренинг. Најди си го тоа што не ти дава да запреш и прави го често. Мене ме мотивираат слики од згодни женски и Инстаграм. 100% мисли дека сум машки профил“ – отворено си призна Ана додека во леопард бикини уживаше во сопствениот сексапил, овекувајќи ги го во селфи пред огледалото од хотелската соба!
Арно ама, штом се врати дома, Ана како да посака да се исповеда, па наместо кај поп, тоа го направи на социјалните мрежи, односно на својот Инстаграм. И тоа онака, најубаво и најсмело, па разголе и душа и тело.
Сексапилната фитнес убавица се разголе, среде нива зрела пченица! Мирниот период за неа и нејзината армија вежбачи го искористи да се пикне гола во житото и да си направив слики за душа. Патем, ем телото го соголи, ем истата таа душа ја отвори, па раскажа низ што минала и најави што ја очекува.
Ана Стојанова гола во жито… Еротска пасторала среде поле родно, а во него сексапилната „креаторка на здраво живеење“, подготвена за „жнеење“… нови фитнес успеси!
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм принтскрин/annstojanova