Старлетата Ана Кораќ е веројатно најредовната корисничка на естетски интервенции, што може да се заклучи од нејзиниот физички изглед. Ботокс на кило, филери, силкони, импланти… Ана нема што нема во и на себе вбризгано и имплантирано за да изгледа намонтирано како „атомска секс бомба“!
Но, очигледно на старлетата никогаш не и е доста од естетски корекци, па затоа продолжува со хируршките интервенции кога е доработката или ремонтот на нејзиното лице, гради, тело… што ли веќе, во прашање?!
Така, Ана сега објави снимки на кои е легната на операционата маса на која на силиконската убавица и инјектираат нова доза „што ли веќе“, во големата овална задница.
Иако стралетата е доволно пластична, на видеото се гледа дека додека лежи на креветот за интервенции, околу неа се забележуваат шприцеви и инјекции, ножици, пинцети, скалпели и други медицински инструменти, неопходни за уштееден зафат, за нови комплименти на така скоцаканата фантастична-пластична Ана!
Фото: Инстаграм принтскрин/ana_korac