Пеколните горештини не натераа сите да бараме чаре некаде под сенка, под ладовина, а преку викендите или за време на одморот, најчесто покрај вода! Така беше и деновиве кога покрај сите „обични луѓе“ на ладење заминаа и поголем дел од естрадните ѕвезди, кои иако навечер настапуваат, преку ден и тие се души кои треба да се освежат, рзладат, рефрешираат, ревитализираат… Со еден збор, нова енергија да акумулираат!
Македонската фолкерка Сања Сани Гроздановска не беше исклучок… Ги собра ќерките и нивниот дедо и правец – Дојран. Најмалото наше езеро како иделно место, совршена дестинација за викенд релаксација и на пејачката и на фамилијата.
И додека подмладокот со дедо се капеше и заедно уживаа во базенот, мама Сани ги остави сами, па реши и малку поинаку да го помине денот.
Пејачката застана да се исуши и исонча покрај езерскиот брег, па така влажна ги собра сите погледи… Особено оние машките, а и кадрите на фото-објективот на мобилната камера која ја долови летната езерска атмосфера во неколку жешки пози, од обата смера: И однапред и одзади!
Македонската пејачка се соблече во Дојран на плажа, па многу што покажа… Ем атрактивна, ем сексапилна, со затегнато тело, нејзината добро позната, раскошна и бујна предница и овалната, заоблена задница… Дефинитивно Сани е позгодна и од лани!
Промоција на сите атрибути во пет минути и доказ дека иако има два пати родено, на неа сепак се’ е речиси совршено… Добро, секако дека не постои идеално, ама затоа она што е овално, е максимално привлечно, пожелно, секси… За „полни машки очи“ и „лечење“ туѓи, женски комплекси!
Фото: Фејсбук и Инстаграм принтскрин/sani.grozdanovskasanja