Потенцијалната снаа на Лепа Брена, Сандра Миљковиќ се огласи по написите дека Виктор Живојиновиќ ја оставил по две години врска.
Таа ги прокоментира пишувањата и ја откри вистината.
„Многу не насмеавте со овие измислици. Луѓе не ме барајте, се е во најдобар ред. Секако дека не раскинавме“, напиша девојката на Виктор.
Потсетуваме, српските медиуми пишуваа дека Виктор и Сандра раскинале откако Живојиновиќ ги избриша заедничките фотографии од Инстаграм. Исто така шпекулациите се зголемија и откако Виктор објави дека е на одмор во Црна Гора додека неговата девојка уживаше на „Егзит“ во Нови Сад.
Инаку, Сандра и Виктор се две години во врска, а најавуваа и дека ќе прават голема свадба.