Радио Милева на заслужен одмор

Заврши „Брза кујна“, а еве која ќе биде водителка на новата 7- ма сезона (фото)

Заврши „Брза кујна“, а еве која ќе биде водителка на новата 7- ма сезона (фото)

Секој ден на Сител телевизија имаме прилика да го гледаме кулинарското шоу „Брза кујна“ во кое шефовите Марк и Никола подготвуваат разни специјалитети направени од намирници донесени од учесниците во шоуто.

Добриот тим не се менува, односно шефовите во кулинарското шоу не се менуваа, освен водителките.

Така првата сезона на кулинарското шоу го водеше  Билјана Максимовска на чие место набрзо дојде Александра Илиевска.

Александра беше водителка се до септември претходната година кога на нејзино место се појави водителката Сава Савеска.

Марк и Никола ги почнаа снимањата на „Брза кујна“, но со нова водителка (фото) – Вистина.мк (vistina.com.mk)

Имено,Илиевска со причина не беше дел од новата односно 6-та сезона на „Брза кујна. Таа остана бремена и токму поради тоа се повлече од ТВ екраните.

Савеска се најде пред нов предизвик, па брзо се вклопи со Марк и Никола и одлично функционираа како тим, а новата водителка беше прифатена од страна и на гледачите.

 

Меѓутоа, во петокот заврши уште една успешна сезона, а на есен ќе започне ново продолжение.

По тој повод, добро познатиот тандем односно готвачите Марк и Никола, како и водителката Сања се обратија до нивните фанови, се заблагодарија за поддршката, но и открија кој ќе ја води „Брза кујна“  во 7- ма сезона.

-Драги наши денес завршува 6-та сезона на најгледаното кулинарско шоу, Брза Кујна.Имавме навистина прекрасна дружба со сите наши асистенти. Премногу убави моменти споделивме заедно со сите вас, ни дававте позитивна енергија, а искрено се надеваме дека и ние успеававме секојдневно да ве расположиме. Огромна благодарност до целиот тим на ТВ Сител кој неуморно работеше во реализацијата на секоја епизода од оваа сезона. Следува одмор за сите , а во следната 7ма сезона ве очекуваме повторно , освежени и одморени во нови кулинарски авантури со омилените шефови, Марк и Никола и нивната и ваша домаќинка и водителка Сања. Ви благодариме на сите за довербата ,ве сакаме сите,чувајте се и бидете секогаш насмеани и среќни“, напишаа на нивната ФБ страница.

Инаку, Александра во јануари стана мајка, неодамна шеф Никола стана татко, а шеф Марк официјално заплови во брачните води со неговата сега веќе сопруга Василка.

фото: фејсбук/брза кујна

 

To top