Сајбер криминалот на голема врата ги напаѓа познатите личности.
Неодамна жртва на ваквиот електронски криминал беше нашата позната ТВ водителка Лила Филиповска, на која и беше хакиран профилот на Инстаграм од каде и беа избришани дел од личностите кои таа ги следи, како и бројни фотографии.
Лила појасни дека најпрвин и пристигнала порака за да ја промени лозинката на својот профил, по што таа без да насети го направила тоа.
Овој пат истото и се случи и на српската поп-пејачка Марија Шерифовиќ која сепак не наседна на ваквата порака, па им возврати на хакерите.
Ваквата порака за да ги предупреди останатите ја сподели на кусите Инстаграм приказни и им даде до знаење дека нема да успеат со своите сајбер трикови.