Откако Игор Којиќ конечно сфати дека нема ништо од заедничката иднина со неговата, се’ уште законска сопруга Северина, па ја отследи од Инстаграм и реши да продолжи понатаму.
Според медиумите, Игор во последно време е фасциниран од младата пејачка Анѓела Игњатовиќ, попозната како „Бресквица“, која деновиве е во центарот на медиумското внимание поради песната, која му ја посвети на своето поранешно момче Михајло Веруовиќ – „Војаж“.
Доказ дека „каде има чад, има и оган“ е фактот дека еден од првите профили што ги заследил на Инстаграм откако ја избриша Северина, беше профилот на Анѓела – „Бресквица“.
Според добро упатен извор, на Игор толку многу му се допаѓа популарната „Бресквица“ што тој постојано одговара на нејзините Инстаграм приказни и и’ дели комплименти, но таа засега не одговара на пораките и не се впушта во разговор со Којиќ јуниор. Уште повеќе, дури и не го ни следи на оваа социјална мрежа.
Но, знаете како се вели: „Женско срце не освојува убавиот, туку упорниот“… А Игор Којиќ велат поседува и од двете особини… Патем синот на Кеба очигледно има широок опсег на желби, па од „постари госпоѓи“ прејде на „малолетнички“… Па, да видиме?!
Фото: Инстаграм принтскрин/igorkojic/brrrreskvica