Кога пред три години се појави на премиерата на мини серијата „The Slap“ ретко кој ја препознал Ума Турман.
Нејзиното лице имало поинаков израз, очите и делувале помали, а лицето испеглано и без ниту една брчка.
Било очигледно дека 44. годишната глумица била на разубавување кај естетски хирург.
Сите написи дека била на естетска корекција Ума Турман ги негираше и тврди дека новиот „мејкап“ и начин на шминкање е заслужен за таков младешки изглед.
Сепак, не можела да ги измами експертите и ним им било јасно дека Ума била на затегнување и ботокс кои потполно и го промениле изгледот.
Извесно време престана со таквите третмани, но новите фотографии потврдуваат дека повторно била на некој третман бидејќи лицето и е потполно заледено.
Ума, за жал е лош пример што се случува кога познати лица немаат мерка и постигнуват сосема друг ефект со бројните операции и ботокс.