Пејачката Тања Савиќ неодамна на суд го доби својот сопруг Душан Јованчевиќ кој претходната година ги зема децата и без нејзино знаење ги однесе во Австралија.
Тања неодамна беше по своите деца, се вратија во Белград и сега заедно живеат во Смедерево.
Таа тогаш истакна дека е пресреќна што по година ипол повторно е со своите наследници. Но, изгледа дека не стивнуваат проблемите на пејачката.
Душан сега до медиумите испрати преписки со неговите деца кои тврдат дека не сакаат да живеат со Тања и дека таа е лоша мајка.
Тој откри што зборувала Тања за нејзините колешки додека се уште биле во брак.
„За Сека велеше дека е „мајмун“. Ја прашав зошто така ја вика, вели затоа што скокала како мајмун по соборите. Јас и велев – Тања и ти си почнала некаде да пееш. Кога ви знаела Сека, нема да и биде пријатно. За Јана вели дека е душа, а зад грб зборува дека е кафанска пејачка. Велеше дека Јана има сељачки глас“, напиша Јованчевиќ во порака која ја доставил до ало.рс
Пејачката не се огласи по повод овие пишувања.
фото: принтскрин/јутуб/амиџишоу/ало.рс