Радио Милева вистинска варијанта?

После Љупка е во љубов со Хрисанта: Дали е ова новата девојка на Дарко – Спејко? (ФОТО)

После Љупка е во љубов со Хрисанта: Дали е ова новата девојка на Дарко – Спејко? (ФОТО)

Откако му заврши љубовно-естрадната сага со модната блогерка и инфлуенсерка, струмичанката Љупка Митрова, таа сосема исчезна и се повлече, бришејќи ја таа епизода од својот живот за јавноста, со тоа што ги „ресетираше“ своите профили на социјалните мреќи, додека Дарко – Спејко не го видовме одново во сериозна љубовна врска…

„Чат – пат“ по некој излет, колку за еротска фотосесија со која  знаеше да ја „заскокотка“ јавноста или за по некоја убаво помината вечер „за една, две, три… прилики“ и толку…

Во меѓувреме Спејко смени професија, се стекна со академска диплома, стана спортски директор на КК Куманово, пропеа…

Се’ на се’, кариерата на кумановецот во пораст, љубовта во стагнација… барем онаа вистинската. така барем мислеше јавноста, која очигледно била во заблуда, зашто Спејко веројатно поучен од претходното искуство со струмичката блогерка и модел, овој пат решил да се „пази оддалеку“… Додека се може, секако, а љубовта не стане доволно сериозна за да не порерасне и во „јавна тајна“.

Токму до тука некаде по се ‘ изгледа стигна она што на емотивен план  во моментов му се случува на некогашниот победник во „Големиот брат“?!  Авантурите со „љубопитните прсти во неговите и туѓите гаќички  за обострано задоволство“ очигледно се блиско минато, зашто однеодамна по се’ изгледа Спејко е одново заљубен?!

Колку и дали, допрва ќе видиме, но она што веќе во неколку наврати можеме да го видиме е дека покрај себе има нова убавица, а со истата се појавува на неколку последни фотографии, меѓукои и на последната.

Имено, Спејко на своите профили на социјалните мрежи сподели летна фотографија како гушнат лежи покрај истата онаа дама со која неодамна споделуваше заеднички фотографии. овој пат обајцата очигледно на летен одмор или само викенд, сеедно, ама секако заедно, делуваат прилично интимно… На лежалки во костим и за капење, гушнати или поточно тСпејко во нејзините прегратки.

Од она што може да се заклучи, во прашање е Македонка која студира на универзитет во Благоевград – Бугарија. Висока, згодна, атрактивна, сексапилна, вистинска убавица каква што на спејко и му доликува… Отука и прашањето кое ја дополнува дилемата:  Дали Дарко – Спејко после сексапилната струмичанка Љупка Митрова е во нова врска, овој пат со уште поатрактивната пробиштипјанка, Хрисанта Монева?

Сите индиции меѓу кои и онаа на размената на емотикони со срца на социјалните мрежи наведуваат дека популарниот кумановец сепак е во сериозна врска и има нова девојка… „за озбилно“!

 

Впрочем, Спејко отсекогаш имал вкус да одбере, а и дамите знаат што бираат, кога него го одбираат. И без оглед кој кому каде „му брца“, кумановецот очигледно  ги знае „сите трикови на ѓаволот“ на патот до женските срца, нешто што веќе оддамна го апсолвиравме.

Останува само прашањето: Дали Хрисанта, конечно е вистинската варијанта?

Фото: Фејсбук и Инстаграм принтскрин/spejko/Hrisanta Moneva

 

 

 

 

To top