Радио Милева борба за пари

„Војна“ за пензијата на покојниот Џеј: Невенчаната сопруга на пејачот со сведоци ги барала своите права во Виена?

„Војна“ за пензијата на покојниот Џеј: Невенчаната сопруга на пејачот со сведоци ги барала своите права во Виена?

Покојниот пејач Џеј Рамадановски оствари право на надомест од 1 500 евра како инвалидска пензија откако пред три години во Виена имаше операција на срцето.

Андријана Томаниќ, невенчната сопруга на Џеј, наводно сака да ја земе пензијата на пејачот, иако неговата поранешна сопруга Нада е таа која ги исполнува сите права да ги наследи примањата на починатиот пејач, тврди курир.рс

фото: србија данас

Со оглед на тоа што со години плаќал данок и социјално осигурување во Австрија, Џеј добил сосема пристојни примања.

Според тамошните закони, поранешната сопруга на Џеј има право да ја наследи пензијата бидејќи биле во брак повеќе од 15 години и ги имаат ќерките Ана и Марија.

фото: фејсбук

Меѓутоа, Андријана Томаниќ последните две децении го посветила животот на фолкерот, па смета дека треба на неа да и припаднат парите.

Како што пишува курир.рс, Томаниќ заедно со сведоци била во Австралија кои потврдиле дека иако не била во брак со Џеј, таа во последните 20 години делела добро и  лошо со пејачот. Тоа го потврдиле нејзините пријатели, како и семејството Рамадановски.

Таа ги поднела потребните документи и сега чека решение од Австрија. Таа се надева дека ќе биде наследничка на пензијата, а не бившата сопруга на пејачот со која Џеј остана во добри односи.

фото: ата имагес

Инаку, Андријана на Џеј му ги договараше настапите, но и гостувањата по емисиите. Во октомври беа на нивниот последен одмор во Бечачи каде што беа заедно една година.

To top