Кога започна љубовната приказна меѓу Северина и Игор Којиќ нивните профили на социјалните мрежи беа преполни со нивни заеднички фотографии. Исто така тие само се следеа еден со друг.
Сепак, од последната нивна заедничка фотографија помина една година односно откако Северина го напушти неговиот дом на Бежаниска коса во Белград.
Отогаш парот не објавува заеднички фотографии, ниту пак се огласија и открија каков е нивниот однос.
Во една прилика, го прашаа свекорот на Северина, Драган Којиќ Кеба дали се уште е свекор, тој одговори да.
Од друга страна, двојката не ги коментираше написите дека се разведуваат.
Српските медиуми сега пак пишуваат дека се појавил доказ дека конечно е крај на нивниот брак.
Имено, како што пишува стори.рс, Игор и Северина кој до неодамна само меѓу себе се следеа на социјалните мрежи, повеќе не се следат, а наводно тоа сега е доказ тие дошол крај на нивниот брак.
Игор наместо Северина сега ја следи Ангела Игњатовиќ позната како Брескавица, млада музичка ѕвезда.