Радио Милева комплимент на картон

Игор Џамбазов покажа дека знае да љуби… со „машка, шовинистичка“ или со еротска порака? (ВИДЕО)

Игор Џамбазов покажа дека знае да љуби… со „машка, шовинистичка“ или со еротска порака? (ВИДЕО)

Игор Џамбазов од ден на ден се повеќе покажува дека е вљубен до гуша… Не, туку до уши! Нема ден, на одреден, себесвојствен и секако оригинален начин да не ја искаже љубовта кон својата сакана Илина. И кога се заедно, а речиси се нараздвојни, и кога е насамо!

Особено е инспириран по се изгледа кога е ова второво во прашање… Тогаш мислите и идеите сами му надоаѓаат, а стиховите извираат како вода од планинска карпа, која од една капка, потоа  станува непресушна река!

Така Џамбазов, откако убаво почувствува колку „љубовта е добра работа“, додека онака си го потпевнуваше новото хитче „ Love is so good…“, му дојде идеја уште еднаш како да и покаже на својата драга, колку ја сака, делејќи и комплимент… Напишан на парче картон со фломастер во вид на порака во прашална форма:

„Злато, знаеш ли што е најубаво во тебе?“ – прашува Игор, ставајќи ја саканата во недоумица и дилема. И додека таа тргна да го бара одговорот во себе,  Џамбазов не чекаше за да и ја одгатне загатката, пред таа да му падне во прегратка или можеби да го „заплеска“ со  првото што ќе и дојде до рака? Зошто?

Одговорот го има самиот Игор… Само и тој како и прашањето создава недоумица: Дали Џамбазов покажа дека дека знае да љуби со „машка, шовинистичка“ или  со еротска порака испишана на картон?

Зашто на прашањето:  „Злато, знаеш ли што е најубаво во тебе?“, одговорот: „Јас“ – може да се сфати и вака и онака… Како се земе! Од кој агол и аспект гледаш на она …Најубаво ВО тебе? Духовен или телесен? Естетски или еротски?

Конечно, не е ни важно… Важен е спојот… Еден ВО друг! Кому колку му е убаво, од убаво поубаво или најубаво – белким самите си чувствуваат!?

Фото: Инстаграм принтскрин/igordzambazov

To top