Радио Милева домаќин

Се покажа како добар домаќин: Oвој македонски пејач ја пречека Јелена Карлеуша пред настапот во Охрид (фото)

Се покажа како добар домаќин: Oвој македонски пејач ја пречека Јелена Карлеуша пред настапот во Охрид (фото)

Попуштија корона мерките, а естрадните уметници по речиси една ипол година пауза се вратија на своите настапи.

Во Македонија само што се тргна забраната за концерти, српските естрадни уметници како само да чекаа да дојдат и да пеат пред македонската публика.

Па така по Јелена Томашевиќ, Рејла, сега дојде и ред на познатата дива Јелена Карлеуша.

Имено, српската ѕвезда викендов имаше настап во Охрид.

Прво пејачката во кусите приказни на Инстаграм се пофали како лети кон Охрид објавувајќи фотографии во авионот.

фото: принтскрин/инстаграм/ александар јосфивоски

Кога пристигна на аеродромот во Охрид веднаш  позирапе во Версаче фустан.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JELENA KARLEUŠA (@karleusastar)

Maкедонскиот пејач и учесник во „Ѕвездите на Гранд“, охриѓанецот Александар Јосифовски како добар домаќин ја пречека фолк дивата, а и подари цвеќе и вино.

Тој заедничката фотографија ја објави на социјалните мрежи, а сигурни сме дека се покажал како добар водич и домаќин.

фото: принтскрин/инстаграм/ александар јосфивоски

Подоцна, тој сподели дел и од атмосферата од концертот, па сигурно Јелена уште повеќе ја вжештила летната атмосфера на македонскиот туристички бисер.

 

Инаку, Карлеуша често му давапе комплименти на Јосифовски во „Ѕвездите на Гранд“ истакнувајќи дека тој е најдобар рок изведувач на сцената на Гранд. Јосифовски не успеа да се пласира во финалето на музичкото шоу, но остави силен впечаток кај жирито, поседно кај неговиот ментор Ѓорѓе Давид.

To top