Емина Јаховиќ и Мерјем Узрели пред неколку дена се сретнаа во Истанбул.
Популарната српска пејачка и една од најбараните турски актерки излегоа заедно на вечера, но нивната средба не ја овековечија само медиумите и папараците.
Имено, Мерјем обожава да фотографија, па од својот фотоапарат не се дели ни додека е на одмор.
Па така, кога веќе се сретна со пејачката одлучи да и направи фотографија додека таа лежерено седеше на столица.
View this post on Instagram
Воодушевена од црно белата фотографија, Емина ја објави на својот профил на Инстаграм и јавно и се заблагодари на актерката.
„Мојот фотограф е подобар од твојот“, напиша таа во описот како објаснување.
View this post on Instagram
Мерјем својот талент за фотографирање го сфаќа сериозно, па своите уметнички дела ги објавува на Инстаграм на профилот @muportrait.