По скандалот околу можната брачна прељуба во фамилијата Ѓогани, коха наводно Ѓоле ја изневерувал Весна со нивна домашна пријателка, страстите страстите се смирија, прашината легна, а набојот спласна… Ама затоа по се’ изгледа меракот порасна!
Имено., Весна Ѓогани на многу необичен начин му го честиташе 61-от роденден на својат сакан Ѓоле.
Таа на својот Инстаграм профил објави фотографија на која Ѓоле е гол до половината, а можеби и од половина надолу. На тоа наведува фактот што на фотографијата која ја прави, во одразот на огледалото јасно се гледа дека и таа е гола.
Своите бујни гради само ги покрила со рацете, а преку половината префрлила само пешкирче, што несомнено укажува дека честитката била претходно…
Ова е само роденденска фотографија за „спомен и долго сеќавање“ по опуштањето под тушот! А знаете како се вели: Какво „јавање“, такво сеќавање!
Сепак едно е сигурно: Досега не бевме навикнати оваа двојка да објавува голотија на социјалните мрежи.
Дали со ова сакале да си зајакнат „разнишаната“ брачна врска или да покажат дека „кучињата можат слободно да лаат, караванот си врви“, само Ѓогани си знаат! А, дали Ѓоле ја видел фотографијата и што ќе и каже, останува да видиме?!
Фото: Интаграм принтскрин/djoganivesna