Пејачката Маја Шупут повторно се најде на мета на критики.
Откако по два месеци по породувањето позираше во бикини и предизвика лавина од коментари на сметка на нејзиниот изглед, овој пат беше критикувана дека претерала со фотошоп.
Имено, таа објави фотографија на која позира со синот Блум и напиша дека моментално се наоѓа Муртер.
„По лудиот одмор треба малку да се одмориме“, напиша покрај објавата.
Меѓутоа, таа можеби не очекуваше дека под истата ќе наиде на толку негативни коментари.
„Сигурно си ги „пеглала“ брчките, па ги избриша очилата“, „Па жено, колку фотошоп има на оваа фотографија“, „Очите се подудираат колку што ја исфотошопира оваа фотографија“, се само некои од коментарите.