Радио Милева критика

Милица Тодоровиќ откри што најмногу и забележувала Цеца: „Знаеш ли некогаш да се однесуваш како дама?“

Милица Тодоровиќ откри што најмногу и забележувала Цеца: „Знаеш ли некогаш да се однесуваш како дама?“

Милица Тодоровиќ откри што и забележувала Цеца: „Знаеш ли некогаш да се однесуваш како дама?“

Пејачката Милица Тодоровиќ го привлекува вниманието со своите харизматични изјави.

Таа сега проговори за нејзиното однесување пред камерите, па откри дека Цеца ја критикувала поради тоа.

Проговори за непријатните понуди кои ги добила во текот на нејзината кариера.

„Со пеење се занимавам веќе 18 години. Никогаш немав непристојни понуди бидејќи имам таков став, а за тоа многумина ми забележуваат, посебно мојата мајка“, вели Милица за телеграф.рс

фото: ата имагес

Пејачката откри дека токму Цеца и забележала за нејзиното однесување.

„Кога се во прашање колешките, Цеца знаеше некогаш да ми се јави и да ми каже: „Зошто некогаш не се однесуваш како дама?“, а јас и одговарав: „Што да правам, тоа сум јас“. Изградив таков штит околу тебе за да се заштитам. Никој ништо не ми може, која некој ќе ми се приближи на груб начин, може да добие еден бокс, јас знам да се тепам“, изјави Милица за телеграф.рс

фото: Инстаграм/цеца ражнатовиќ

Тодоровиќ ги прокоментира и „Ѕвездите на Гранд“ кои завршија пред некој ден.

„Ги гледав „Ѕвездите на Гранд“. Најискрено, тие сите феноменално пеат. Сега е важно како ќе се покажат понатаму бидејќи победата не е се. Во секој случај, му честитам на победникот. Мене сите ми се феноменални, но морам да ја пофалам мојата Валентина Кузмановиќ, таа растури. Ја познавам долго време“, изјави Милица.

Таа исто така откри кој член од жирито би го одбрал за свој ментор доколку е во натпреварувањето.

„Би ја избрала Ана Бекута. Ја сакам од мала, обожавам како пее, неколку пати беше мој продуцент во студиото. Јас ја поканив да ми покаже како да отпеам нешто и таа ми помогна. Таа е прекрасна жена“, изјави Тодоровиќ.

фото: ата имагес

„Сите ги ценам на свој начин. Тука е и Марија Шерифовиќ која е одличен музичар, но во моето срце е Ана“, искрена е пејачката.

По раскинувањето со Петар Стругар, Милица вели дека не стои најдобро на љубовно поле.

„Средно жалосно, ништо, ништо, слабо“, вели Милица.

To top