Радио Милева од Охрид до Олимп и назад до брегот

Охридска итрина среде Грција: Жанко – „З’ш“ го развеа македонското знаме на врвот на Олимп меѓу боговите, па сомбрерото го стави на „вистинско место“ на брегот, покрај брановите (ФОТО)

Охридска итрина среде Грција: Жанко – „З’ш“ го развеа македонското знаме на врвот на Олимп меѓу боговите, па сомбрерото го стави на „вистинско место“ на брегот, покрај брановите (ФОТО)

Откако пред извесно време ја прими и втората доза на руската вакцина, охридскиот радио и ТВ водител, познатиот Жанко „З’ш“ Голабоски така уредно пелцуван тргна во нова авантура.

Меѓу останатото, познат и како непоправлив „трагач по возбуди“, Жанко реши да ја освои и Грција… Или поточно, јужните соседи да ги „гледа од високо“, па своите алпинистичко – качувачки вештини ги пушти на најсилно и се здаде во нов планинарски поход – да го освои Олимп!

Нималку лесна задача, ама затоа предизвикот поголем од препреката, а инаетот и желбата посилни од сите напори… И Жанко тргна… Охрид, Солун, Паралија, Литохоро… и конечно Олимп!

Искачен на еден од највисоките врвови на вечниот Олимп –  Митикас (2918 метри) охридскиот водител стигна на гости во домот на боговите! А таму итриот Жанко направи договор, многу подобар од „Преспанскиот“  со најпрочуениот во грчката митологија, Зевс – кралот на боговите, владетелот на Олимп и богот на небото и громот.

Тој ни прати нам поздрави од својот планински престол, а Жанко во наше име гордо го развеа македонското знаме… на врвот на Олимп, среде домот на боговите!

Откако ги пренесе поздравите од „другарот Зевс“ покрај кого блескаше македонското сонце, Жанко тргна назад, надолу кон морето, па пред сончевите зраци зад хоризонтот да се скријат, застана да се одмори во Паралиа!

Кога стигна,  исцрпен од авантурата, посла пешкир и се испружи на песочната плажа покрај брегот, онака како што тоа го први и во својот Охрид многу често, а сомбрерото го стави „на вистинското место“!

Нееее… не на главата, неа ја заштити со шамија, очите со очила за сонце, а шапката сламена, овој пат имаше… „малку поинаква“ намена! За храбриот планинар да не стане „црвен жар“ без потреба, таму кај што не треба!

Фото: Фејсбук и Инстаграм принтскрин/zankogolaboski

 

 

 

To top