Пејачот и член на жирито на музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“, Ѓорѓе Давид, вчера попладне имал сообраќајна несреќа во близина на трговскиот центар „Ушќе“ во Белград.
Околу неговиот автомобил сесобрале голем број на луѓе по што се создала гужва и имало застој во сообраќајот, а рокерот цело време нервозно зборувал на мобилниот телефон, тврдат очевидци.
Тој на себе немал видливи повреди, а и штетата на автомобилот не била голема.
Кога медиумите го контактирале во врска со несреќата, рокерот во свој стил им одговорил: „Надвор е плус 40, ајде здраво“!
Веднаш потоа рокерот се покајал, па во приказните на својот Инстаграм ја појаснил целата ситуација.
„Немав сообраќајна несреќа, туку една будала ме чукна… Што е однесува до несреќата, беше само чукнување… некоја луда жена, и истекла возачката дозвола… Жали Боже изгубените живци изгубени во белградскиот пекол“ – раскажа Давид.
Фото: Инстаграм принтскрин/djordje_david