Поранешната кошаркарка Милица Дабовиќ неодамна беше нападната на социјалната мрежа Инстаграм поради разголените фотографии што неретко ги споделува, а сега повторно ја заинтригира јавноста, откако се најде среде скандал, иако не по своја вина.
Таа повторно се најде во центарот на вниманието поради нејзиниот лажен профил на социјалните мрежи.
Имено, на Инстаграм се појави профил во кој се вели дека Милица е „ескорт дама“ односно „девојка за придружба“, додека цените на нејзините наводни услуги исто така се напишани подолу.
„Половина час 150 евра, еден час 250 евра, цела ноќ 500 евра …“ – пишуваше во описот на профилот, што ја шокираше и јавноста, но најмногу самата Милица.
Во оваа прилика, таа брзо се огласи на социјалните мрежи и ги замоли своите следбеници да го пријават профилот бидејќи некој го искористил нејзиното име за да искреира лажен профил.
„Ве молам пријавете го ваквиот профил!“ – напиша таа во една од своите приказни на Инстаграм.
Фото: Инстаграм принтскрин/stefanovamama13