Пејачката Емина Јаховиќ која долги години живее во Истанбул на Инстаграм се појави на фотографија со познатата Хурем од серијата „Сулејман Величествениот“.
Имено, Емина заедно со турската актерка Мерјем Узерли и уште една другарка уживаа во луксузен ресторан, а овој момент го овековечија со заедничка фотографија.
Трите позираат без трошка шминка, а судејќи според нивните насмевки, тие биле во извонредно расположение.
Да потсетиме, Мерјем неодамна се породи, а на својот Инстаграм објави дека ја отвора својата прва продавница за здрави слатки во Берлин.
„На 10 јули ќе ја отворам мојата прва продавница во Берлин. Ова се вкусни и многу здрави слатки. Ова е само почеток на едно убаво патување, започнувам во Берлин и се надевам дека ќе се шириме низ целиот свет. Јас и моите пријатели го создадовме ова место каде сакаме да се чувствувате како дома и да уживате во најквалитетните слатки. Во понудата има вегански чоколади, џемови, „какао на лажица“, макаронси, најдобар сладолед на светот, маслиново масло, кафе, чај и многу повеќе“ – напишала актерката.
Фото: Инстаграм принтскрин/yaemina/meryemuzerlimeryem/goncakarakaѕ