Дарко Лазиќ по раскинувањето со Марина Гагиќ е во врска со Барбара Бобак, а сега потврдија и дека се заедно.
Имено, таа на својот Инстаграм профил објави заеднички фотографии од роденден во Швајцарија на кој присуствуваа. На фотографиите тие се насмеани и расположени.
Инаку, пријатели на Дарко за курир.рс велат дека пејачот не може да го замисли животот без Барбара.
„Дарко е лудо заљубен во Барбара и се гледаат преку видео повиќ неколку пати на ден. Планира Барбара да дојде кај него во Германија и да започнат заеднички живот бидејќи тој нема намера наскоро да дојде во Србија“, велат другарите на пејачот.
Потсетуваме, новата девојка на Дарко се вика Барбара има 22 години и живее во близина на Нови Сад. Како што тврди извор, новопечената двојка се познава од претходно, а неколку пати заедно пееле во Србија, Белград, но и по клубовите ширум дијаспората.
Инаку, Лазиќ и Марина неодамна открија дека раскинале пред четири месеци и дека повеќе не се заедно, но останаа во добри односи поради нивниот син Алексиј.
Видеото од Дарко и Бараба погледнете го тука.