Случката со наводното труење и поттурање нешто во кафето кое го претходно го пиел со екс сопругата и мајка на нивното заедничко дете, мисицата Кристина Димитриевска , по која Даниел Кајмакоски заврши во една од клиниките на Клиничкиот центар во Скопје, никогаш не доби свој епилог… Не барем во јавноста.
Тој по информацијата дека наводно е „отруен“ повеќе не се јави ниту да потврди, ниту да демантира, мисицата се повика на својот адвокат, а МВР „курнаски“ ја премолче целата случка, односно нејзината разрешница!
Сите „(не)среќни и (не)задоволни“, ама и сите молчат како залиени! Она што „неофицијално“ се дозна подоцна е дека пејачот навистина завршил во болница од каде и самиот се јави со порака на социјалните мрежи, но не само заради наводното труење, туку и заради здравствени прегледи и на некои други клиники!
Очигледно дека со здравјето на Кајмакоски сега е се’ во ред или барем не е витално загрозено, зашто подоцна тој, како и екс сопругата тивко си се вратија секој на својот живот и своите обврски, оставајќи ја неразјаснета дилемата: Дали Даниел Кајмакоски навистина беше „отруен“ од бившата сопруга Кристина или тоа беше само „невешта глума“ на пејачот…? Кривично дело или само постбрачен „циркуз“ – никогаш не дознавме?!
А кога сме веќе кај глумата, токму со неа Даниел е повторно актуелен… Само што сега пејачот „Глуми дека сака“! Или поточно, така пее!
„Зошто ме предаде ти, кажи ми, можеш ли барем на крајот да не ме лажеш, можеш ли…? Овој ѕид го дели мојот свет на два, во еден дел, ти, во другиот јас… Јас глумам дека сакам после тебе, зашто се плашам во срцето да го стопам мразот, јас лажам дека сакам, се лажам себе, кога друга со допир ќе ме разбуди од сонот, јас секогаш бегам“…
Вака некако отприлика одат стиховите кога Даниел Кајмакоски пее за тоа дека „Глуми дека сака“, во најновата песна која набргу по враќањето во Белград ја сними во студиото на „Скај мјузик“ за потребите на ТВ шоуто „Студио“, продуцирано од истата продукциска куќа, кое оди секоја сабота на првиот канал на националната РТС 1.
Музиката ја напишал самиот, во текстот „како создаден за него“ преточен во стихови од маестралниот македонски лиричар Огнен Неделковски и извесна Данијела Илиќ, многумина на прва го препознаа она што Даниел Кајмаковски го доживува во себе по разводот со екс сопругата Кристина Димитриевска?
Дали стиховите се „чиста случајност“ која се поклопила со реалноста, или наменски пишувани по негови кажувања како парче од неговата животна биографија, останува или авторот или самиот изведувач да се произјаснат. Судејќи по тоа дека Даниел Кајмакоски „тешко и ретко отвора душа“, останува една друга дилема: Дали пејачот е навистина толку многу погоден од разводот или „секое зло за добро е“, па „вешто ја користи“ таа ситуација за „ревитализација“ на својата кариера!?
Одговорот во првата следна прилика за интервју со Кајмакоски, кој „Глуми дека сака“… ама засега, само во песна, која звучи вака:
Фото: Инстаграм принтскрин/daniel_kajmakoski