Напорната сезона на „Ѕвездите на Гранд“ заврши со успех за Марија Шерифовиќ и кандидатите во нејзиниот тим.
Махир Мулалиќ, чиј ментор беше Марија Шерифовиќ, победи оваа сезона во музичкото натпреварување „Звезда Гранда“.
Таа работеше со фантастични кандидати и многу од нив имаа навистина тешки моменти.
Публиката знаеше за некои од нив и будно ги следеше, како кога станува збор за Крстиња Тодоровиќ кој тргна на патот на голема физичка трансформација или Махир Мулалиќ кој привремено го напушти натпреварувањето поради смртта на неговата мајка.
Другите останаа нешто помалку познати за пошироката јавност, или беа критикувани со непријатните коментари какви што доби Валентина Кузмановиќ.
Марија сакаше да ги собере сите како тим, па на Инстаграм направи хаштаг #serifovicteam. Колку и беше важен овој натпревар, се гледаше и во реакциите на секој круг на гласање, се радуваше и тагуваше за секој што ќе оди понатаму или ќе го заврши натпреварот.
Додека сите финалисти, како и жирито, сè уште ги собираа впечатоци по големата и возбудлива вечер, Марија Шерифовиќ беше меѓу првите што се огласијаа на Инстаграм, испраќајќи јавна честитка до нејзиниот кандидат.
Младиот Мулалиќ од Грачаница освои автомобил, две песни и комплетен маркетинг од продукцијата, а во своето прво интервју по победата истакна дека победата ја посветил на неговата покојна мајка која почина во текот на неговото учество во натпреварувањето.
Махир беше подготвен да го напушти шоуто, а единствено на Марија Шерифовиќ, која му беше и менторка, ѝ успеа да го наговори да остане, а сега тој откри и детали од неговиот приватен живот.
Марија истакна колку е горда на Махир, но им честиташе на сите финалисти за пласманот.
“Па, драги луѓе, стигнавме до крајот. Победник на Звезда Гранда за оваа сезона е Махир Мулалиќ! Махире, јас сум горда на тебе. Во денешно време, тешко е да сретнете личност која има такво срце како тебе. Браво момче! Им благодарам на сите оние што гласаа за моите кандидати“ – напиша Шерифовиќ, па им се обрати на другите учесници:
„Сакам да им честитам на сите финалисти, особено на оние во мојот тим кои, без оглед на нивниот резултат, покажавте што е колегијалност, што е поддршка и последно, и воредно најважно – искрено се радувавте и на туѓиот успех за што сум искрено горда на вас!“ – напишала Марија во свое то јавно обраќање на Инстаграм.
Фото:Инстаграм принтскрин/serifovic