Радио Милева бикини парада

Провидна ленена наметка, а под неа „сочна“ глетка: Елизабет Харли позираше топлес (ФОТО)

Провидна ленена наметка, а под неа „сочна“ глетка: Елизабет Харли позираше топлес (ФОТО)

Актерката и манекенка Елизабет Харли објави разголена фотографија на Инстаграм. Таа позира топлес, а градите едвај и ги прекрива белата провидна ленена наметка. Со ваквата објава, 56-годишната убавица ја „заскокоткала“ фантазијата на бројните обожаватели.

Елизабет често позира во вакви изданија, а најчести се нејзините фотографии во бикини. Неодамна за „Extra“ објаснила дека позира во костими за капење за да ја рекламира својата модна линија, а не да се промовира себеси.

 

„Инаку не би парадирала толку во костими за капење, така што постои причина поради кое го правам тоа“, додала Харли.

На љубопитните фанови неодамна им ја открила и тајната на својата витка линија. Таа признала дека со години не посетува теретана, а завидната фигура ја припишува на активниот начин на живот. Сепак има нешто и од мајката природа, од Бога дадена убавина.

Фото: Инстаграм принтскрин/elizabethhurley1

To top