Сека Алексиќ е од оние јавни личности што не сакаат да ги коментираат реланите шоуа. Токму затоа пејачката беше шокирана кога на интернет се појави нејзини статус, во кој наводно и пружи поддршка на Кија Коцкар.
-Јас како мајка сум шокирана од зборовите на маца упатени кон Кија Коцкар. Поддршка за Кија, а тебе Мацо, ти посакувам се најдобро и опамети се, стои во „твитот“ чија содржина се однесува на тоа што Маца Дискреција во жар на кавга и кажа дека никогаш нема да има деца поради операцијата што ја имала.
Сепак, Сека ова за брзо време го демантираше и напиша дека не може да верува со што се занимаваат луѓето.
-Ова не сум јас, напиша пејачката.