Познатата македонска двојка, Маја и Дарко Панчеви, заедно се цели две децении и во својот живот се горди и среќни родители на две ќерки Надица и Марија.
Постарата ќерка Надица е студент по Германски јазик на „Филолошкиот факултет“ во Скопје.
„Секако дека сме среќни за нејзиниот успех, а посебно ни е драго што веќе поодамна самата си знае дека трудот што го вложува носи добри и сигурни резултати“, изјави Маја за неа.
Додека Надица е посветена на студирање на јазици, нејзината помала сестра Марија се остварува како модел. Имено таа е дел од модното студио „Моделс Ин“.
Ќерките на Панчеви не се експонираат многу јавно, посебно не по медиумите. Меѓутоа, сепак сега за „Бекстејџ“ се појавија пред камери и проговорија за нивните родители.
-Ние сме прегорди, затоа што никогаш не сме можеле да посакаме подобри родители. Тие секогаш не учат на најдоброто, ни го посакувата најубавото, и сакаат да постогнеме се најдобро во животот и многу ги сакаме“, изјави Марија за „Бекстејџ“.
Дел од интервјуто за „Бекстејџ“ погледнете го на линкот.