Актерот Џејмс Мајкл Тајлер кој е познат по неговата улога на келнерот Гантер во серијата „Пријатели“ откри дека боледува од рак.
Тајлер неодамна преку видео повик се приклучи по повод собирањето на познатата шесторка од „Пријатели“.
Тој откри дека има рак на простата и е во четврт стадиум.
Во интервју за „Today“ тој проговори за својата болест.
„Жал ми е што не дојдов да најавам дека ќе биде снимен филм за „Пријатели“. Тука сум да ви кажам дека во 2018 ми открија рак на простата кој е во напредна фаза и се прошири на коските“.
Актерот повеќе не може ни да оди.
Храбриот Џејмс соработува и Фондацијата за рак на простата за да ги едуцира луѓето за болеста и апелираше на тестирање.
„Во некој друг свет би отишол порано на преглед, па ракот ќе беше откриен на време. Следен пат кога ќе одите на систематски преглед побарајте од докторот ПСА тест. Ако се открие на време, ракот на простатата е 99% излечив. Нема да сакате да поминувате низ она што поминав јас последните две години“ вели тој.