Кристијан Голубовиќ беше дисквалификуван од реалното шоу „Задруга 4“. Тој ги спакува своите работи, се прости од своите цимери и отиде до портата. Кристина Спалевиќ доби прегратка од него.
Претходно, рано изутрината настана хаос во пабот помеѓу Милјана Кулиќ и Кристијан Голубовиќ. Тие се скараа, а потоа паднаа груби зборови и клетви.
„Јас, ку*ва?“ – го праша Кулиќ.
„Да ти ја е*ам фамилијата“ – и рече Кристијан.
„И јас тебе… целото семејство“ – му возврати Милјана.
„Излези од тука, марш, губи се. Оди си од пабот“ – збесна Голубовиќ и започна да ја исфрла Милјана од пабот.
По хаосот што се случи во пабот меѓу Кристијан Голубовиќ и Милјана Кулиќ, кога се обиде да ја избрка, нов се случи пред казиното. Кристијан се враќаше во хотелот со Кристина Спалевиќ, а Милјана ги следеше. Кристијан започнал да фрла со нешто кон Кулиќ, на што таа го опцула…
Потоа Милјана влетала во казиното за да се сокрие, а тој изгубил контрола и влегол по неа, по што следеше вистински хаос.
Големиот шеф после овој неред донесе одлука да го дисквалификува Кристијан од реалното шоу „Задруга 4“.
Придружуван од обезбедувањето, Кристијан отиде во пабот да ги спакува своите работи, со помош на неговите пријатели.
„Дисквалификуван сум, помогни ми да си ги спакувам работите“ – му рече Кристијан на Чорба, кој не веруваше дека тоа се случува.
Погледнете го видеото како сето тоа изгледаше: