Еден од најдобрите трубачи, Дејан Јевдиќ вели дека фолк ѕвездата Цеца Ражнатовиќ му оставила најголем впечаток.
Тој откри и непознати детали од свадбата на нејзинит син Вељко.
„Ја запознав во ноември 2019 година кога го женеше синот. Сакаше да и свирам на еден од најрадосните денови во нејзиниот живот. Прифатив без размислување и не се покајав бидејќи тоа беше веселба која траеше цел ден и ноќ, ја памтам како најубаво сеќавање. Тој ден со својот оркестар бев во нејзиниот дом во Белград каде што ги дочекувавме сватовите“, изјави Дејан за „Хит информер“.
„Потоа сите заминавме во Тител каде што не чекаше невестата Богдана и нејзините родители. Свиревме неколку часа, а потоа се упативме до храмот Свети Сава каде што Вељко и Богдан се венчаа. Потоа, прославата продолжи во хотел каде што свиревме до раните утрински часови“, вели Јевдиќ и откри како изгледа познатата фолк ѕвезда во опуштено издание.
„Несекојдневно е доживувањето кога Цеца се весели и ги кити трубачите со пари. На мене и мојот оркестар ни оставаше по 500 евра. Веќе не се ни сеќавам колку пари имаше“, вели Дејан.
Инаку, Богдана и Вељко претходната го добија синот Жељко кој наполни една година.