Северина Којиќ неодамна престојуваше во Белград, но наводно ја одбила поканата на нејзиниот сè уште легален сопруг Игор Којиќ да се видат и да разговараат, но и да ја помине ноќта во неговата семејна куќа на Бежанијска коса, .
Пејачката во Белград престојувала во еден познат хотел. Северина очигледно сè уште не може да преболи некои работи на нејзиниот сопруг, но и на својата свекрва Оља и свекорот – Драган Којиќ Кеба.
Имено, на крајот на мај таа дојде во Белград деловно, каде снимаше албум. Така, една вечер, по добро завршената работа, таа излезе на вечера во еден ресторан во центарот на Белград.
Кога дознал од неговите пријатели дека неговата сопруга е во Белград, наводно Игор и се јавил и побарал да ја види во куќата на Бежанијска коса и да разговара за смирување. Сепак, Сева наводно не сакала ниту да слушне за тоа.
„Игор гледаше на ова како идеална можност да седне и да поразговара, многу беше загрижен поради Северина. Таа одбила и особено се изнервирала кога тој и предложил да дојде во неговата куќа и да остане таму додека не се врати во Загреб. Таа не сака да се види со него, ниту со Кеба и Оља, и тоа јасно му го соопштила. Таа му ја спуштила слушалката и оттогаш не му се јавува. На Игор ништо не му е јасно, сè уште не разбира зошто му е лута. Тој силно се повлече во себе и не сака да зборува за сопругата и брачните проблеми. Тој ја сака како првиот ден и би дал сè за работите да се вратат во нормала“ – пренесува извор близок на семејството Којиќ.
Во меѓувреме, покрај Северина, Игор следеше и неколку други профили на Инстаграм, но ниту еден не е женски. Ги избриша речиси сите нивни заеднички фотографии, освен две, додека ги сочува оние каде на неговиот профил беа само тој и синот на пејачката, Александар.
Фото: Инстаграм принтскрин/severina/igorkojic