Еден од најплатените хармоникаши, Александар Софранијевиќ изгледа повеќе не е слободен.
Имено, како што се шпекулира тој веќе неколку месеци е во врска со водителката на „Гранд“, Сања Чулибрк.
„Софра и Сања се знаеја и пред да ја започнат врската бидејќи Сања беше во врска со виолинистот од неговиот оркестар.Иако раскинаа, со Александар спонатно се сретнаа на телевизијата на која работат и така се започна“, вели извор близок на хармоникашот.
Софранијевиќ е познат во јавноста по тоа што не зборува јавно за своите девојки и партнерки.
„Аца е џентламен и не сака јавно да ги експонира своите девојки. Тој и Сања уживаат во својата врска од почетокот на годината, избегнуваат заеднички фотографии и појавување на јавни случувања. Покрај тоа, двајцата се јавни личности и се трудат својата љубов да ја чуваат од очите на јавноста“, тврди изворот.
Парот не се огласи по повод овие пишувања.