Пејачката Тања Савиќ по една ипол година конечно ги виде синовите Максим и Ѓорѓе.
Имено, во април претходната година, се уште законскиот сопруг на Тања, Душан ги зеде децата без нејзина дозвола во Австралија. Отогаш пејачката ги нема видено, а и ја започна својата борба за старателството над децата.
Неодамна, судот во Австралија донесе одлука во корист на Тања Савиќ, односно дека таа може да ги земе децата и да живеат во Србија.
Пејачката сега конечно по една ипол година ги виде своите синови, а тие се на пат за Белград.
Имено, таа објави заедничка фотографија со наследниците, а во описот напиша:
„Ете не. Среќни. Насмеани. Конечно заедно. Белграде, пристигнуваме“, напиша пејачката покрај заедничката фотографија.
Инаку, сопругот на Тања неодамна истакна дека тој прв поднел документи за развод, додека пак Тања ги демантираше овие пишувања потенцирајќи дека таа прва поднела барање.