Мегафон кино

Кино „Милениум“ повторно стартува со работа

Кино „Милениум“  повторно стартува со работа

Од денес Градското кино „Милениум“ во Скопје ќе почне повторно со работа.

На репертоарот се наоѓаат новиот дел од филмската сага „Брзи и бесни“, „Денови на гнев“ од Гај Ричи, драмата „Шарлатан“, современата верзија на класичниот роман на Чарлс Дикенс – „Твист“ и шведскиот анимиран филм „Безопашестиот Пеле“.

Билетите се достапни на билетарница во киното по цена од 150 денари.

To top