Водителката Јована Јеремиќ откри доколку и биде понудена улога со интимни сцени би ги снимила со пејачот Аца Лукас.
Таа истакна дека пејачот има „темна енергија“ баш како и таа.
„Без размислување би прифатила да снимам интимни сцени со Аца Лукас. Тој е шкорпија исто како и јас, има неверојатна харизма. Тој не е згоден, но е многу харизматичен и има иста енергија како и јас“, изјави водителката.
Дали ова желба на водителката ќе се исполни останува да видиме.
Инаку,деновиве пејачот Аца Лукас е во центарот на вниманието поради неговата наводна врска со покојната Ксенија Пајчин.
Имено, тој во својата книга напиша дека со Ксенија биле заедно и живееле под ист покрив.