Луна Ѓогани се породи и ја роди ќерката Мија, а не крие колку е среќна што нејзината малечка конечно е со неа.
Таа на својот профил на Инстаграм од породилното одделение, во мугрите на денешниот ден покажа како Мија ужива во нејзините гради,по првата помината заедничка ноќ со ќеркичката, па напиша:.
„Добро утро, најубаво утро“ – сподели Луна.
Инаку, гордиот татко и сопруг на Луна, Марко Миjковиќ, објави дека Луна ќе биде во неговиот дом во Нов Белград до крајот на неделава.
-„Ќе можам да ги видам за 2-3 дена. Тие мора да бидат некое време во породилното одделение, за Луна да се врати во нормала, бидејќи и е прва рожба. Бебето веќе го видов преку видеото, таа е толку симпатична и слатка, многу личи на мене. Воодушевен сум и едвај чекам да ја земам во раце“ – рече Марко.