Пејачката Драгана Радосављевиќ Цакана се најде во непријатна ситуација.
Имено, хахиран е нејзиниот телефонски број, а случајот го пријавила во полиција.
По тој повод, пејачката се огласи на својот Инстаграм профил известувајќи ги своите пријатели дека можеби ќе добијат непристојни пораки.
„Сакам да ги известам своите контакти и пријатели дека ми е хакиран телефонскиот број и да ме контактираат доколку добијат било каква порака со непристојна содржина на Вибер, „Whatapp“ или СМС порака од мојот или од друг број во мое име. Се извинувам на сите луѓе кои беа вознемирени и сакам да ве известам дека е поднесена пријава до надлежниот орган“, напиша пејачката на својот Инстаграм профил.