Радио Милева холивуд е суров

Сузана Манчиќ проговори за „апелот“ да ја замени Саманта во „Сексот и градот“: „На овие години не сум за соблекување пред камери“

Сузана Манчиќ проговори за „апелот“ да ја замени Саманта во „Сексот и градот“: „На овие години не сум за соблекување пред камери“

Водителката Сузана Манчиќ е атракција на социјалните мрежи каде што ја спордуваат со хероината на „Сексот и градот“, Саманта.

Имено, откако беше откриено дека по 11 години ќе се снимаат нови 10 епизоди од серијата „Сексот и градот“, Сара Џесика Паркер го најави проектот така што објави фотографија со сите колеги, а на која недостига Ким Катрал која ја имаше улогата на Саманта.

Додека фановите ширум светот се разочарани што ќе го нема овој лик, обожавателите во Србија и најдоа замена на Саманта – водителката Сузана Манчиќ.

фото: ата имагес

Со оглед на тоа што Сузана е згодна, шармантна, позитивна и само една година постара од Катрал, корисниците на социјалните мрежи посакаа да ја видат Сузана во улога на Саманта.

„Што ќе ни е Катрал, ете ја Сузана. Светска, а наша“, „Нашата Сузи е поубава од Катрал“, „Нека се појави Сузана на аудиција за серијата, ќе добие улога“, се само некои од коментарите.

„Фасцинантно ми е тоа што и покрај моите 65 години и понатаму зрачам сексапил, но баш да бидам Саманта – не оди. Но, ми годи што уште луѓето ме доживуваат како секс симбол“, искрена е Манчиќ.

„Им благодарам на луѓето кои ме кандидираа за улогата на Саманта, но мислам дека единстено нешто што ни е заедничко е фризурата“, вели водителката.

фото: ата имагес

Како што вели, не сака да биде дел од Холивуд.

„Сепак, не би можела. Холивуд е суров, ќе треба да ослабам 20 килограми, а моментално не го можам тоа. На овие години не би се соблекувала пред камери и да глумам во слободно сцени, а сите знаеме каков е ликот на Семанта“, вели Сузана за ало.рс

Поврзани теми

To top